Traineeship at the enterprise / VET school abroad

ЕУ ПРОЕКТИ | ЕРАЗМУС +

Traineeship at the enterprise/VET school abroad

Локација: Скопје

Држава: Македонија

From: 04.07.2012
To: 07.07.2012

Координатор: Васка Леонтиќ

Приватното средно училиште и Приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ – Скопје, Македонија веќе неколку години наназад е дел од европските проекти благодарение на соработката со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС + и проектите К1, нашето училиште беше домаќин и ги пречека нашите партнери од Латвија – Рига и од Литванија – Вилниус.
Нивната посета беше со цел да ја проучат нашата програма за стручна обука од програмата на лични услуги, како и кои машини, апарати и техники се применуваат за време на обуките за возрасни, и како се организира практичната работа. Потоа за време на посетата, ги прошетавме низ знаменитостите и музеите низ Скопје и Македонија, во Археолошкиот музеј, Македонски Народен Театар, Националната Галерија, Државниот архив на РМ, како и низ други историски знаменитости во Охрид и Скопје.
Училиштето од Рига, RIGA STYLE AND FASHION VOCATIONAL SCHOOL учествуваше со два проекти. Едниот проект е за мобилност, на кој зедоа учество четри ученички (Zane Reinfelde, Anda Rolanda- Breimane, Elīna Ērgle- Jundze, Ilze Ešenvalde) во период од 3 април 2016 до 23 април 2016 година, и еден наставник како придружно лице (Natālija Vinogradova) во периодот од 3 април 2016 до 09 април 2016 година. Темата на проектот беше “RSMPV audzēkņu konkurētspējas veicināšana ES darba tirgū” .
На вториот проект беа наставници од стручната област фризер и шминкер (Inga Zemzarina and Lilija Taurina) во период од 2 мај 2016 до 9 мај 2016 година.
Учениците и еден наставен кадар од Вилниус преку школото: „Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras“, учествуваа со проектот наречен:  “Traineeship at the enterprise/VET school abroad”.
Учениците од Вилниус (Ieva Gustytė, Gintarė Kuklytė, Ligita Meičelytė, Liveta Nikulovaitė, Karolina Janušytė, Teresė Čeikauskaitė, Renata Pečiūraitė, Greta Geležauskaitė) престојуваа во Скопје во период од 3 април 2016 до 30 април 2016 година, со еден наставник по практична работа како придружно лице (Dovilė Mackelytė), која престојуваше во периодот од 10 април 2016 до 16 април 2016 година.
За учениците и придружните лица и наставниот кадар од Латвија – Рига и Литванија – Вилниус, менаџерот на ПСУ. и ПЦСО. Академија Леонтиќ – Скопје и генералниот кординатор на ЕУ проектите, Васка Леонтиќ, подготви програма со разни едукативни содржини како во сопствената институција, така и низ институциите на национално ниво и низ приватни компании. Ова беше можност да ги изучуваат најновите професионални техники од областа на козметиката, фризерството и шминката во врвни училишта и центри за обука, како и во приватни институции во Македонија – Скопје.
Целта на оваа посета е изучување нови стандарди, протоколи на работа во разни институции како на национално ниво, така и во приватните сектори на пазарот на трудот, организацијта на приватните стручни училишта, новите техники на работа и начините за нивна примена, а таа е очигледна и од самиот назив на проектот.
Учениците од Рига и Вилниус ги изучуваа технките на работа по вечерна, сценска и корективна шминка во ПЦСО Академија Леонтиќ, кај предавач мајстор Васка Леонтиќ, а исто така беа на пракса во новиот Македонски народен театар.
Во приватните институции ги посетија дистрибутерите за професионална шминка, каде имаа часови за начин и примена на производите.
Потоа во приватната фабрика за козметички производи Алкалоид АД Скопје, имаа можност да видат како се подготвуваат и изработуваат креми и други козметички производи.
Гостите исто така имаа можност да ги посетат дистрибутерите на козметички лини за коса, тело и лице: Вичишки и Стефи Поинт, како и Аикон медикал – дистрибутер на козметичката линија ТХАЛГО, каде се презентираа третмани на лице.
Посетата низ историски музеи и знаменитости се одвиваше за време на викендите, а слободните активности беа пополнети со посета на значајни национални вредности на Македонија, сè со цел да се запознаат со културата и традицијата на нашата татковина.
Земји учесници:
Македонија
Латвија
Литванија
leontic-logo-psu-600x144-1
leontic-logo-as-600x144-1
copy-of-eu-flag-erasmus_vect_pos

Фото галерија | Рига

Riga 2016

Фото галерија | Вилниус

Vilnis 2016

Останати проекти